August 25, 2019 05:26
Хроника

Уапсени двајца дилери на марихуана

Двајца дилери на марихуана биле уапсени вчера во близина на Тетово. Според полицијата, вчера околу 22.10 часот на локалниот пат што ги поврзува тетовските села Горно Седларце и Синичане, полицајци запреле автомобил „опел корса“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Ј.Е.(31) од Голема Речица, и сопатникот Т.Х.(38) од Тетово.

При нивен преглед била пронајдена марихуана. која Т.Х. се обидел да ја фрли.

Двајца биле уапсени и задржани во ПСолициската станица Тетово, а по целосно
документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Нови вести

Пожар пеплоса расадник во околината на Крушево

Igor

Двајца повредени во сообраќајна несреќа кај Струмица

Igor

На пат кон Прилеп се запалил „мерцедес“

Igor