October 31, 2020 14:00
Балкан

Уапсени Алжирци кои врзале и задавиле мигрант во Сараево

Полицијата на Сараевскиот кантон уапси двајца Алжирци осомничени за врзување и давење на мигрант во Илиџа, пишува сараевскиот „Дневни аваз“.

Портпаролот на кантоналната полиција, Мирза Хаџиабдиќ, за Аваз потврди дека двајцата Алжирци биле пронајдени и уапсени на железничката станица во Ново Сараево.

Уапсените се сместени во службените простории за притвор, а во текот на денот ќе се спроведува кривична постапка по нив, по што ќе бидат предадени на вршителот на должноста обвинител на Кантоналното обвинителство на Сараевскиот кантон, рече Хаџиабдиќ.

Убиениот мигрант бил пронајден вчера во Илиџа со врзани раце, па се сомневаат дека бил заробен и убиен. Ова е втор случај на убиство на мигрант во Сараево.