August 22, 2019 07:10
Свет

Уапсена поранешна мексиканска министерка за корупција и поткуп

Поранешната мексиканска министерка Росарио Роблес, која во претходната влада на претседателот Енрике Пења Нието беше одговорна за програмите за социјален развој, е обвинета за корупција и кражба на над 300 милиони долари и од од денеска е во притвор во очекување на конечната одлука на судот.

Роблес, која од 2012 до 2018 година беше член на кабинетот на поранешниот претседател Нието, по завршувањето на денешното 12-часовно судско заседание е приведена и веднаш префрлена во женскиот затвор во Мексико Сити.

Таа е обвинета дека учествувала во корупциска шема во која обвинителите тврдат дека од владината каса преку фалсификувани договори биле украдени приближно шест милијарди пезоси, а во тоа учествувале и државни универзитети и фиктивни компании.

Ова е еден од првите поголеми случаи на откриен поткуп под водство на левичарскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор, кој од стапувањето на должноста, во декември минатата година, веднаш се зафати со бескомпромисна борба против корупцијата.

Роблес ги негира обвиненијата и кажува дека токму таа ги открила и јавила за  злоупотребите. Нејзиниот адвокатски тим наведува дека постапката против неа  е „политички прогон”.

Претседателот Лопес Обрадор демантира дека стои зад кривичната истрага против Роблес.

Нови вести

Во Авганистан убиени двајца американски војници

Filip

Во авион на шпански Евелоп повредени 14 лица поради турбуленции

Filip

Макрон: Да се реши украинската криза пред приемот на Русија во Г-7

Filip