December 5, 2022 09:17
Балкан

Уапсена жена која продавала отровни печурки на пазар во Шабац, затруени најмалку 10 луѓе

Полицијата ја привела седумдесет и двегодишната Марија.Г од Чуковина кај Шабац, која е осомничен дека продавала отровни печурки на пазар.

Најмалку 10 жители на Шабац, меѓу кои и едно семејство, завршија на токсикологија во ВМА поради труење со печурки. Полицијата денеска конечно ја уапсила жената, која е осомничен дека на пазарот во Шабац продавала печурки кои ги консумирале луѓе.

Осум од десетте пациенти кои биле задржани во Воено медицинскиот центар во Bелград, поради труење со печурки се во тешка состојба, пренесува Танјуг, а една пациентка од Белград во меѓувреме била отпуштена дома.

Од ВМА навеле дека повеќе граѓани на Шабац купувале печурки од неовластен продавач и ги консумирале мислејќи дека се печурки за јадење.