December 1, 2022 17:52
Свет

Уапсена албанска банда во Британија која киднапирала човек и барала откуп од 400.000 фунти

Британската полиција уапсила албанска банда која киднапирала 30-годишен маж и барала откуп од 400.000 фунти, а Албанците ја тепале и мачеле жртвата поради неплатени долгови.

Лондонската полиција, британската Национална агенција за криминал (NCA) и албанската полиција извршија серија рации минатата недела за да го спасат киднапираниот маж.

НЦА соопшти дека пет мажи и една жена се обвинети за киднапирање и закани за убиство.

Албанската полиција соопшти дека уапсила седум лица, сите државјани на Албанија, пишува британски „Телеграф“.

Киднаперите го контактирале братот на жртвата и му испратиле видео снимки, по што тој повикал албанска полиција.

Наводно, бандата побарала откуп од 400.000 фунти од семејството и им дала четири дена да ја наплатат споменатата сума.

Полицијата го пронашла и ослободила 30-годишниот и тој сега е безбеден под полициска заштита.

– Добивме информација за киднапиран 30-годишен Албанец во Англија, за кого се бара откуп од 400.000 фунти. Албанската полиција ја сподели информацијата со Велика Британија, која потоа започна спасувачка акција – изјави портпаролот на албанската полиција, пренесе Новости.рс.