July 26, 2021 03:23
Спорт

Тухел: Фудбалерите се уверија дека можат да го победат Сити

Тренерот Челзи, Томас Тухел се огласи по натпреварот од 35. коло во англиската фудбалска Премиер лига против лидерот Манчестер сити (2:1) и ривалот во финалето од Лигата на шампионите.

– Победата ни дава самодоверба, но овој резултат нема да влијае на финалето на Лигата на шампионите. Финалето е уникатен натпревар, не можете да предвидите што ќе се случи.

Треба добро да се подготвите. Ќе имаме шанси, тие ќе имаат свои шанси. Сепак, по оваа победа ќе влеземе на теренот знаејќи дека можеме да го победиме Сити. Фудбалерите се уверија дека можат да се „носат” со силниот ривал. Како и да е, не очекува интересен натпревар во Истанбул, истакна Тухел.

Финалето во Лигата на шампионите меѓу Челзи и Манчестер сити е закажано за 29 мај.

AniWatch free anime: My Hero Academia 3 (Dub) Episode 25

AnimeTV all anime tv: JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable Episode 39