April 11, 2021 12:27
Спорт

Тухел го избркал Рудигер од тренингот на Челзи

Новиот тренер на англискиот фудбалски премиерлигаш Челзи, германскиот стратег Томас Тухел  се соочи и со горчливата старна од медалот. Челзи викендов беше декласиран на „Стемфорд бриџ“ од ВБА (2:5). Почна нервозата меѓу играчите, а предначеше Антонио Рудигер, кому за неколку дена му се накалемија два непланирани порази, најпрвин со селекцијата на Германија од Македонија во квалификациите за СП 2022 (1:2), а потоа и во Премиер лигата со Челзи од Вест Бромич (2:5).

На првиот тренинг по поразот од ВБА, имало инцидент, по кој Тухел го избркал Рудигер од тренинг. Германскиот дефанзивец стартувал грубо врз голманот Кепа Аризабалага, по што Шпанецот реагирал бурно. Кепа и Рудигер почнале вербално да се навредуваат и да се туркаат, но за малку не дошло до тепачка благодарение на другите играчи.

За намалување на негативната енергија, Рудигер бил испратен во соблекувалната предвреме на ладење, а подоцна се извинувал, па нема да има казна за него. Атмосферата во Челзи не е идеална пред првиот меч со Порто во четвртфиналето на Лигата на шампионите, пред Тухел е задача да ги смири играчите пред најважниот дел од сезоната.

Naruto: Shippuden (https://wcostream.cc/m/kzw) Episode 500 at WCOStream wcostream cartoons

Watch The Rising of the Shield Hero (Dub) Episode 21 at AniWatch aniwatch