July 17, 2019 12:58
Фудбал

Тухел бесен: Ова нема да им се случи на Барселона и Реал уште 100 години

ПСЖ доживеа елиминација во Лига купот откако загуби од Генгам со 2:1, натпревар кој сепак ќе остане запаметен по тоа што против актуелниот фудбалски шампион во Франција беа досудени три пенали.

Судијата во три наврати покажа на белата точка во корист на гостите, од кој последниот беше во судиското надополнување кога младиот Турам кој претходно го промаши првиот пенал погоди за конечни 1:2.

Елиминацијата во Купот секако ги остави разочарани луѓето од француската престолнина, а посебно лут беше Томас Тухел кој по крајот на мечот направи интересна споредба.

– Ова е неверојатно, не паметам кога сум видел три пенали на еден меч за само еден тим. Вториот пенал не сакам ниту да го коментирам. Прегледуваа ВАР, но на крајот пак го досудија. Немаше никаков контакт, тоа беше смешно. Ова што ни се случи нас , на Барселона, Реал Мадрид или Баерн нема да им се случи уште 100 години. Ниту еден судија нема да досуди три пенали против нив, – порача лутиот Тухел.

Нови вести

Манчестер Јунајтед стави цена од 200 милиони евра на Погба

24info

Кафу се соочува со огромен проблем: Судот во Бразил му ги одзема куќата и автомобилот

24info

Каде Лео Меси го минува летниот одмор?

24info