Македонија

Туск утре во посета на Скопје

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск утре ќе престојува во посета на Република Северна Македонија.

Туск, како што информираа од Владата, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев.

По средбата предвидена е заедничка прес-конференција на Заев и Туск во 12:15 часот во Владата.

Посетата на Туск на Скопје е во пресрет на очекуваната одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври.

Мандатот на актуелниот претседател на Европскиот совет истекува на 1 декември, а на негово место ќе дојде премиерот на Белгија, Шарл Мишел.