September 20, 2021 22:38
Балкан

Турција нема да решава нов бегалски бран по излегувањето на САД од Авганистан

Турција нема намера да ги преземе обврските на другите земји и да прифати нов бран мигранти по ескалацијата на ситуацијата во Авганистан. Тоа се нагласува во официјалното соопштение на Министерството за надворешни работи во Анкара.

Во соопштрнието од турското МНР се наведува зачуденост од изјавата на австрискиот канцелар Себастијан Курц за тоа дека Турција е многу подобро место за авганистанските бегалци отколку Европа. Во соопштението се вели дека Турција не е соседна земја на Авганистан, како што рече Курц.

„Наместо да се потенцираат заедничките напори и соработка за решавање на проблемот со илегалната миграција, кој влијае на целиот свет и е заедничко прашање за сите, ставот дека – мигрантите не треба да доаѓаат тука, туку да одат на друго место – е себичен и не помага”, се додава во реакцијата.

Нагласувајќи дека „Турција нема да прифати нов бран мигранти”, во соопштението се вели: „Овој став им го пренесуваме на нашите соговорници во секоја пригода и на секое ниво, нагласувајќи дека Турција нема да биде граничен чувар или бегалски камп на ЕУ”, пренесува Анадолија.

На 14 април, американскиот претседател Џо Бајден ја објави својата одлука за прекинување на операцијата во Авганистан, што беше најдолга прекуокеанска воена кампања во историјата на САД. Наспроти ова, ситуацијата во Авганистан се влошува, со тоа што талибанците ја засилуваат својата офанзива во повеќе насоки, а бројот на бегалци од оваа земја секојдневно се зголемува.

Musashi: The Dream of the Last Samurai Episode Full

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official

AnimeTV: Fullmetal Alchemist anime episode 51 online free at https://animetv.cc free anime

ANIMEFLIX: Long Riders! anime episode 12 online free at https://animeflix.nl my hero academia heroes rising animeflix

Minecraftforum: https://www.minecraftforum.net/members/kissanimemx

Helpforenglish: https://www.helpforenglish.cz/profile/207839-animefreakws