October 19, 2021 05:40
Балкан

Турција ги отфрла критиките на ОН за Кипар

Турција во петокот ја отфрли осудата на Советот за безбедност на ОН за турската поддршка за поделба на Кипар и нејзините планови за повторно отворање на  одморалиштето Вароша на Кипар.

„Ние ја отфрламе декларацијата на Советот за безбедност на ОН во врска со планот за повторно отворање на одморалиштето Вароша, како и изјавите на разни земји засновани на неоправдани барања кои не се во согласност со реалноста на островот”, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи и се додава дека со децениски напори не успеале да го постигнат федералниот статус на островот Кипар поради „непопустливиот став на кипарско-грчката администрација”.

Советот за безбедност на ОН во петокот едногласно усвои декларација за решавање на кипарскиот конфликт „заснована на федерација на две еднакви политички заедници и зони”, осудувајќи ги „едностраните активности на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган спротивни на резолуциите на Советот”.

Членовите на Советот „ја осудуваат најавата на турскиот претседател и лидерите на кипарските Турци од 20 јули 2021 година за повторно отворање на дел од затворената зона Вароша”.

Советот бара оваа мерка за отворање да биде веднаш повлечена, како и „сите промени направени во Вароша од октомври 2020 година”. 

WCOStream: Yuu☆Yuu☆Hakusho: Eizou Hakusho II anime episode 4 online free at https://wcostream.cc watch anime online

AnimeFreak: DARLING in the FRANXX (Dub) anime episode 24 online free at https://animefreak.ws amine freak tv

Website https://animepahe.cc: Watch Machine Robo: Revenge of Cronos animepahe Episode 47 anime sites

TwistMoe Watch english anime Online in HD for FREE

Myspace: https://myspace.com/animefreakws

Band: https://band.us/band/84366909