Балкан

Турција воведе дополнителни царински тарифи на повеќе од 800 производи

Турција воведе дополнителни  царински тарифи  до 30 проценти за увоз на повеќе од 800 производи, вклучително и  земјоделска машинерија. Минатата недела, Анкара објави дополнителни царински тарифи за увоз на десетици производи, вклучувајќи машини за миење садови, замрзнувачи, накит, музички инструменти и санитарни производи.

До 30 септември, увозот на тие производи ќе има дополнителни царински давачки, со стапка до 30 отсто, а потоа и до 25 проценти.

Турција денеска најави дополнителни царински тарифи во висина до 30 отсто на увоз на некои градежни алати, некои челични и железни производи, резервни делови што се користат во автомобилскиот сектор, телевизори и широк спектар на други производи.

Новите тарифи, по септември може да се намалат до десет процентни поени  и нема да важат за увозот од земји со кои Турција има договор за слободна трговија.

Владата на Турција може да ги искористи новите тарифи за да го спречи растот на дефицитот на тековната сметка.