October 3, 2022 15:56
Балкан

Турското борбено пловило без екипаж за првпат е претставен на јавноста на Африканскиот саем

Турското борбено пловило без екипаж „Санџар“ за првпат е претставен на јавноста на Африканскиот саем на авијација и одбрана ААД 2022 кој се одржува во Преторија, главниот град на Јужноафриканската Република, а наскоро би можел да биде ставен во употреба.

„Санџар“ е произведен во соработка меѓу турските компании од секторот за одбранбена индустрија, ХАВЕЛСАН и „Јонџа-Онук“.

На саемот учествуваат и голем број други турски компании, претставници на секторот за одбранбена индустрија на Турција, меѓу кои и ХАВЕЛСАН.

Генералниот директор на ХАВЕЛСАН, Мехмет Акиф Наџар, за АА изјави дека на саемот учествуваат повеќе од 20 турски компании и дека нивната компанија првпат учествува на саемот во овој регион.

Тој истакна дека ХАВЕЛСАН работи на развој на бизнисот во Африка од 2020 година.

„Гледаме дека можеме да работиме во овој регион, како во рамките на меѓудржавната соработка во областа на одбраната, така и со различни модели на финансирање“, рече Наџар.