Балкан

Турски Ф-16 авиони влегле во грчкиот воздушен простор

Два турски борбени авиони влегле утрото во грчкиот воздушен простор, прелетувајќи ја островската група Инусес во источниот Егеј.

Според генералниот штаб на Хеленската национална одбрана, два Ф-16 првпат прелетале над малите острови, летајќи на висина од 25.000 стапки.

Се вратиле неколку минути подоцна за да преминат преку островите Панагија, на висина од 18.000 стапки, јави „Катимерини“.

Овој инцидент се случи само неколку часа по изјавата на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, дека сè додека грчките авиони летаат над Егејот, ќе летаат и турските.

Нови вести

Ќерката на хрватската претседателка ќе студира на Харвард, доби стипендија повисока од годишната плата на Колинда

Igor

Силно невреме во Далмација

Daniela

Во Словенија регистрирани повеќе случаи на глувчја грозница

Valentina