February 17, 2019 11:18
Фудбал

Турски театар со две претстави: „Халифот Штрк“ и „Ана и Хана

НУ Турски Театар ќе ја изведе куклената детска претстава „Халифот Штрк“ во драматизација и режија на Дарко КОВАЧОВСКИ по мотивите на истоимената бајка на Вилхелм ХАУФА на 07.02.2019 г. (четврток) со почеток во 11.00 часот.

 

Драматизација и режија: Дарко КОВАЧОВСКИ, Сценограф: Надја ВАСИЛЕВА – КОВАЧОВСКА, Костимограф: Надја ВАСИЛЕВА – КОВАЧОВСКА, Кукли: Надја ВАСИЛЕВА – КОВАЧОВСКА, Асистент за изработка на кукли: Џејда ИБРАХИМ, Избор на музика: Дарко КОВАЧОВСКИ, Превод: Тезџан АХМЕДОВА.

Улогите ги толкуваат: ХАЛИФОТ: Аксел МЕХМЕТ, ВЕЗИРОТ: Фунда ИБРАХИМ, ПРИНЦЕЗАТА: Наџије КЕЧ, ПРИНЦЕЗАТА БУФ: Наџије КЕЧ, ХАЛИФОТ ШТРК: Аксел МЕХМЕТ, ВЕЗИРОТ ШТРК: Фунда ИБРАХИМ, ВОЛШЕБНИКОТ: Taмер ИБРАХИМ.

На 07.02.2019 г. (четврток) со почеток во 19.00 часот, НУ Турски Театар ќе ја изведе претставата за младинци АНА И ХАНА по мотиви на ДНЕВНИКОТ НА АНА ФРАНК во адаптација и режија на Драгана ГУНИН. Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија со титл на македонски јазик.

Сценографија: Беди ИБРАХИМ, Костимографија: Елена ВАНГЕЛОВСКА, Музика: Ади ИМЕРИ, Кореографија: Александра КОЧОВСКА НАЧЕВА.

Улогите ги толкуваат: АНА ФРАНК – Емине ХАЛИЛ, ХАНА – Жале ОСМАНЛИ, ХИРА – Инес РАДОНЧИЌ, ПЕТЕР – Хакан ДАЦИ, г-ѓа ФРАНК – Фунда ИБРАХИМ, г-дин ФРАНК (Пим) – Един ЈАКУПОВИЌ, г-ѓа ВАН ДАН – Зиба РАДОНЧИЌ, г-дин ВАН ДАН – Ријад ТАХИР, ПОЛИЦАЕЦ – Наџије КЕЧ.

-Драга Ана, Многу се радувам што се сретнавме. Немам одговор на многу твои прашања само се надевам дека бар во еден момент допревме до твојата приказна. Знам дека е тешко да се замисли ама фашизмот сè уште трае. Човештвото е во постојан пораз од себеси и оние на власт. Во еден момент се чини дека светот се распаѓа. Уште има војни, уште има кафези што бараат птици ама и птици што се борат за својата слобода. Постојат луѓе како тебе што го спасуваат и го прават поубав, потопол и похуман. Иако е сè потешко. На крај на ден и јас сакам да верувам дека луѓето се навистина добри во срцата. Твоја Драгана, Драгана ГУНИН, режисер на претставата.

Related posts

Солскјер се запиша во историјата на Премиер лигата

24info

Јувентус ќе го промовира Роналдо на 7 јули

24info

Чеферин: Лигата на Нации ги исполни очекувањата

24info