August 13, 2022 20:51
Економија

Турската централна банка интервенираше, лирата закрепна

 Централната банка на Турција денеска интервенираше на нездравите” пазарни цени по што турската лира силно закрепна од рекордно ниско ниво.

Турската валута драстично падна во ноември, по одлуката на централната банка за дополнително ублажување на монетарната политика и покрај зголемената инфлација, што ја поддржа претседателот Реџеп Таип Ердоган, наспроти експертската јавност, која наиде на бројни критики.

Централната банка во соопштението наведува дека „директно” интервенирала на пазарот со „продажни трансакции поради нездравото формирање на девизните курсеви”.

Лирата, која претходно падна за цели 3,3 отсто, на 13,87 лири во однос на американската валута, закрепна на 12,76 лири за долар во 9:36 часот по Гринич, зајакнувајќи повеќе од 5,0 отсто на дневно ниво.

Турската валута го допре дното вчера со пад за 14 лири во однос на доларот, откако Ердоган повторно ја бранеше економската политика и откако доларот почна да расте по најавата на претседателот на ФЕД, Џером Пол за монетарното затегнување.