November 28, 2020 08:31
Македонија

Тупурковски по 28 години се повлече од чело на МОК, на негово место доаѓа Димевски

Нов претседател на Македонскиот олимписки комитет е Даниел Димевски, кој на челното место на МОК доаѓа како наследник на Васил Тупурковски, кој беше 28 години на оваа позиција.

Ваков е епилогот од вечерашното Изборно собрание во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, кое мина во тензична атмосфера и со предвремено заминување на десетина делегати од федерациите кои беа против изборот на Димевски.

Меѓу нив беше и претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска-Зикова, која беше вториот кандидат за претседателската функција.

Од оние 32 кои останаа во салата, 30 гласаа за поранешниот прв човек на Македонската кошаркарска федерација Димевски.