June 25, 2022 10:49
Македонија

Тупанчески: Изборниот законик да се носи внимателно,а не да се менува инстантно

Министерот за правда Никола Тупанчески во гостувањето на Топ тема на Телевизија ТЕЛМА се осврна на активностите кои се преземаат од страна на министерството за подготовката на нов Изборен законик.Се очекува до крајот на месецот политичките партии и граѓанските организации и здруженија да делегираат свои членови во новата работна група со која ќе претседава експерт а можно е да се вклучи во целиот процес и странски експерт.

,,Јас се обидувам колку што може повеќе да го афирмирам начелото на инклузивност, сите засегнати страни да бидат дел од што се нарекува нов Изборен законик.Колку ќе успеам во тоа не зависи само од мене затоа што се знае колку се моите ингеренции”,рече Тупанчески.

Тој се осврна и на барањето на опозицијата за предвремени избори велејќи дека тоа е легитимно право, но дали сето тоа ќе влијае на процесот на носење на нов Изборен законик се ќе зависи од тоа колку ќе се издигнеме над ситуацијата затоа што овој закон се носи за во иднина и не би смеело да се дозволат пропусти или недостатоци кои ги имало непосредно пред избори што доведувало до инстантно менување на Изборниот законик.
Во однос на евентуално одржување на лидерска средба, Тупанчески рече дека како министер и како професор е противник на такви средби.

,,Лидерската средба според мене е суспензија на правото, се договараат 4 или 6 или не знам колку луѓе, како понатаму?Да, тоа можеби така изгледа доколку ја гледаме површината на нештата дека помага или е алгоритам да стигнеме до некое поместување , меѓутоа дефинитивно лидерските средби и според форма и според содржина значат суспендирање на основните принципи на владеење на правото”,рече министерот за правда Никола Тупанчески во вечерашната емисија Топ тема на ТЕЛМА .

Go88 apk - Hệ thống game bài đổi thưởng uy tín may88 nhà cái cho go88 go88 apk download

mã giao dịch trong sunwin là gì không vào được sunwin đăng ký làm đại lý sunwin