December 9, 2021 02:49
Свет

Тунис доби нова влада

Во Тунис денеска беше формирана нова влада, 11 недели откако претседателот, Каис Сајед, го смени поранешниот премиер Хишам Мешиши, го суспендираше парламентот и ја презеде извршната власт, што неговите противници го окарактеризираа како државен удар.

Премиерката Најла Буден, кој беше назначена претходно овој месец, во својот кабинет зачува неколку министри кои претходно беа назначени од Сајед како преодни решенија, вклучително и министерот за финансии, Шехем Бугдири и министерот за надворешни работи, Отман Жеранди, пренесува „Ројтерс“.

За време на церемонијата, која се емитуваше директно на ТВ, премиерката го назначи Самир Сајид за министер за економија и планирање, а Тауфик Шарфедин за министер за внатрешни работи.

Повод за одлуката на тунискиот претседател Каис Сајед за смена на премиерот Хишам Мешиши и суспензија на парламентот беа масовните протести против политиката на владата во пандемијата, како и нејзината економска политика.