April 21, 2021 00:30
Хроника

Тројца турски државјани обвинети за прикажување фалсификувани ПЦР тестови​

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителни предлози против тројца државјани на Република Турција за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот зaконик.

На 1 март, при процедурите за проверка на пасошот на Меѓународниот аеродром Скопје, тројцата обвинети прикажале лажни потврди за негативен тест за SARS-CoV-2 вирусот. Иако воопшто не се тестирале, обвинетите се обиделе да ја напуштат државава со потврди за кои знаеле дека не се издадени од наведените лаборатории.