October 21, 2021 17:04
Балкан

Тројца ранети во пукање во трговски центар во Љубљана

Три лица се повредени во престрелка во популарниот љубљански трговски центар БТЦ денеска околу 14 часот.

Неколку полициски возила веднаш пристигнале на местото на настанот, а ранетите, кои според првичните податоци не се животно загрозени, се пренесени во болница.

Обезбедувањето од околните продавници и очевидци за локалните медиуми изјавиле дека се слушнале осум до десет истрели, при што биле повредени двајца мажи, додека еден имал повреди на главата од тап предмет.

-По пукањето, сите присутни во трговскиот центар бегаа како да е терористички напад, а двајца ранети лежеа наземи и врескаа од болка, изјавил еден од сведоците за „Словенске новице“.

Напаѓачите наводно побегнале со бело возило и сѐ уште се во бегство.

Полицијата во главниот град на Словенија го потврди инцидентот во кој се повредени три лица.

-Според досега собраните информации, две лица се повредени од огнено оружје, а едното е погодено со тап предмет. Сите тројца биле пренесени во Универзитетскиот медицински центар во Љубљана и, според првичните информации, нивниот живот не бил загрозен. Интервенцијата, активностите на полициските службеници и собирањето информации на самото место сѐ уште се во тек, велат од полицијата.

Future Card Buddyfight Ace (Dub) Episode 43

Website https://animeflv.uk: Watch Swan animeflv Episode Full anime stream

Animepahe Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

AnimeHeaven: Mizuiro (2003) anime episode 2 online free at https://animeheaven.pro anime heaven au

Magcloud: https://www.magcloud.com/user/animefreakws

Fileforum: https://fileforum.com/profile/animefreakws