November 29, 2022 04:35
Македонија

Тројца починати, нови 65 позитивни на Ковид 19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 695 тестови, а регистрирани се 65 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 47, Битола – 4, Кавадарци- 3, Тетово, Велес и Кичево – по 2, Куманово, Охрид, Штип, Гевгелија и Берово – по 1.

Добивај вести на вибер
Од вкупниот број на позитивни (65), регистрирани се 14 реинфекции.

Регистрирани сe 61 оздравен пациент од: Скопје – 45, Битола – 5, Охрид и Прилеп – по 3, Кавадарци, Тетово, Куманово, Штип и Струмица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Кавадарци (77г), истото е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица од Скопје (86г) и Битола (65г), починати во период од 15.09 до 28.09. 2022. Едно од лицата е починато во домашни и едно во болнички услови.

Бројот на починати досега е 9.542 а бројот на активни случаи изнесува 447.