Македонија

Тројца починати, нови 30 случаи на Ковид-19, 26 оздравени пациенти

Нови 30 случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени 426 тестирања. Оздравени се 26 пациенти, додека три лица починаа на Клиниката за инфективни болести, информира денеска Министерството за здравство.

Министерството соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти и тоа во Скопје-1, Куманово-14, Прилеп-4, Тетово-3, Велес-4.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти – пациент од Велес (58) примен на 12 мај, пациент од Тетово (57) лекуван на клиниката од 22 април и уште еден пациент од Тетово (78) хоспитализиран на 11 мај.

Во изминатите 24 часа направени се 426 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на ковид-19 и тоа во – Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-5, Битола-1, Охрид-1.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 184 теста се направени во рамките на скринингот од градинките и сите се негативни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.792, бројката на оздравени пациенти е 1.293, на починати е 101, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 398. Последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 612, активни 144
Куманово – 416, активни 32
Дебар – 51, активни 0
Штип-36, активни 2
Прилеп –200, активни 64
Тетово – 143, активни 75
Струга – 69, активни 4
Велес – 119, активни 48
Битола –27, активни 8
Охрид –19, активни 4
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар –19, активни 2
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 2, активни 0
Крива Паланка- 6, активни 2
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 4
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0
Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево- 3, активни 1
Делчево-1, активни 0
Валандово -1, активни 1
Виница – 2, активни 0
Кратово-2, активни 1
Берово-1, активни 1

Направените 426 теста се преку: ИЈЗ –253, Ветеринарен ф-тет -13, Авицена –5, Биотек -48, Филип Втори (Жан Митрев) –3, Систина со PCR метода  -26 и МАНУ -78.  Досега во земјата се направени вкупно 21.436 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се четворица пациенти, а вкупно се хоспитализирани 47. На кислородна поддршка се 19, а на механичка вентилација е еден пациент.

Во ГОБ „8 септември” примени се седум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 19. На респираторна машина седум пациенти и уште еден пациент е со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани пет, на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно четворица, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.