December 5, 2022 10:12
Uncategorized

Тројца починати за три дена и 108 нови случаи на Ковид-19

Во последните три дена во земјава се регистрирани 108 нови случаи на КОВИД-19 од направени 976 тестирања. Оздравени се 135 лица, а во истиот тридневен период регистрирани се три починати лица.

-Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 30.09 до 02.10.2022) направени се 976 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 83, Прилеп – 5, Штип – 4, Битола, Тетово, Кавадарци, Кичево и Кратово – по 2, Кумнаново, Охрид, Струмица, Гевгелија, Неготино и Македонски Брод – по 1. Од вкупниот број на позитивни (108), регистрирани се 30 реинфекции, информираат од Министерството за здравство.

Регистрирани сe 135 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 90, Прилеп – 7, Охрид – 6, Битола – 5, Тетово – 4, Штип, Кавадарци, Кратово и Куманово – по 3, Кичево, Гевгелија, Неготино и Велес – по 2, Ресен, Крива Паланка и Берово – по 1.

Во текот на изминатите три дена (30.09 – 02.10.2022) пријавени се три починати лица. Две починати лица од Охрид (81г и 89г) и едно починато лице од Кратово (72г), сите се починати во болнички услови. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ не се пријавени починати лица.

Направени се 976 тестови преку: ИЈЗ-135, ЦЈЗ Скопје-86, ЦЈЗ Битола-18, ЦЈЗ Прилеп-10, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-24, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–48, Жан Митрев (Филип Втори)-7, Авицена-21, Биотек-48, Систина-5, лабораторија Лаор-15, Синлаб-1, Ремедика-12, Плодност-10, Генеа-10, Никоб Лаб-41, ВФВ Медикал-3, Ели Медика Плус-2, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 466.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје      161537, Активни   307
Куманово    18216, Активни    16
Битола      17940, Активни    33
Прилеп      15495, Активни    20
Тетово      14466, Активни    13
Кавадарци   12082, Активни    12
Велес 10796, Активни    4
Охрид 10308, Активни    8
Гостивар    10274, Активни    1
Струмица    8778, Активни     4
Штип  8758, Активни     14
Кичево      6073, Активни     7
Кочани      5544, Активни     0
Струга      5171, Активни     0
Гевгелија   4878, Активни     2
Неготино    4142, Активни     3
Ресен 3029, Активни     6
Радовиш     2836, Активни     4
Свети Николе      2794, Активни     1
Крива Паланка     2662, Активни     2
Делчево     2183, Активни     0
Берово      1874, Активни     1
Дебар 1812, Активни     0
Валандово   1600, Активни     0
Виница      1478, Активни     1
Пробиштип   1299, Активни     0
Кратово     1128, Активни     4
Богданци    1101, Активни     1
Крушево     1037, Активни     0
Демир Хисар 929, Активни      0
Македонски Брод   799, Активни      1
Демир Капија      628, Активни      0
Македонска Каменица     534, Активни      0
Пехчево     518, Активни      0
Дојран      370, Активни      0
Досега во земјата се направени вкупно 2.170.602 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.069, бројот на оздравени пациенти е 333.067, на починати е 9.537, а бројот на активни случаи изнесува 465.