February 22, 2020 07:26
Хроника

Тројца повредени во судир на камион и „корса“ кај Требош

На 16.01.2020 во 18.15 часот е пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Желино, кај Требошки натпатник, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес”, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(48) од с.Г.Речица и патничко возило „опел корса”, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(18) од с.Сараќино.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот во возилото „опел корса”, Б.С.(19) од с.Сараќино, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.