February 23, 2019 08:37
Хроника

Тројца повредени во Куманово –возило удрило во столб, па во паркирано возило и во пешак

Три лица се повредени во Куманово, кога автомобил удрил во бетонски столб, потоа во друго паркирано возило и на крај удрил во пешак. Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 7 часот во Куманово на улицата „Тоде Думба“.

Патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистерски таблици, управувано од Н.Ѓ.(74) од Куманово, удрило во бетонски столб и метална ограда, потоа во паркирано возило „sеат толедо“ со кумановски регистерски таблици, сопственост на Б.К.(37) и во пешак Т.А.(71) од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Т.А. и Б.К., кои по укажаната лекарска помош во Општата болница во Куманово биле препратени во комплексот клиники ,,Мајка Тереза“ во Скопје. Н.Ѓ. се здобил со телесни повреди и укажана му била лекарска помош во Општата болница во Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Related posts

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Скопје

24info

Крадец фатен на дело како краде чанти на скопска клиника

24news

Загина маж откако со автомобилот излетал од патот

24news