Свет

Тропска бура однесе 77 животи во Jужна Африка

Бројот на загинати во тропската бура Ана, која погоди три јужноафрикански земји – Мадагаскар, Мозамбик и Малави, се искачи на 77, додека спасувачките тимови се уште се борат за поправка на оштетената инфраструктура и помош на десетици илјади загрозени, пренесува Танјуг.

Тропската бура „Ана“ најпрво го погоди Мадагаскар во понеделникот, а потоа се пресели во Мозамбик и Малави во текот на неделата, носејќи обилни врнежи од дожд, пренесува британскиот весник „Гардијан“.

Спасувачките екипи и властите на тие три земји денеска ја проценуваат целата големина на штетите, додека во тек е формирање на нова бура во Индискиот Океан.

Мадагаскар синоќа прогласи состојба на национална катастрофа, бидејќи бројот на загинати се зголеми на 48. Мозамбик објави 18 загинати, додека 11 лица загинаа во Малави.

Невремето беснееше и низ Зимбабве, но нема информации за загинати. Во трите најтешко погодени земји, десетици илјади куќи беа оштетени, а некои се урнаа под обилните врнежи, заробувајќи ги жртвите во урнатините.

Надојдените реки однеле мостови, ги поплавиле полињата и ја уништиле егзистенцијата на селските семејства.

Во Мадагаскар 130.000 луѓе ги напуштија своите домови, а во главниот град Антананариво училиштата се претворени во засолништа за итни случаи. Во северниот и централниот дел на Мозамбик, бурата Ана уништи 10.000 домови и десетици училишта и болници додека носеше далноводи.

Мозамбик и меѓународните метеоролошки служби, сепак, предупредија дека уште една бура, наречена „Батсирај“, се формирала над Индискиот Океан и се очекува да стигне до копното во текот на викендот.

Во следните неколку дена оваа бура би можела да се претвори во силна тропска бура, се вели во соопштението на Обединетите нации.

И во соседен Малави, владата прогласи состојба на природна катастрофа, пишува Гардијан.

anime flix. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

watch anime JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub)

watch anime free Death Note (Dub)

ANIMEFLIX Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub) Episode Full

dubbed anime Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub)

watch anime online Attack on Titan Season 3 Part 2