October 18, 2021 11:48
Култура

Тркалезна маса на „ПРО-ЗА Балкан“: Што е вистината? – најважната тема за која луѓето би можеле да разговараат

Вистинската, универзална вистина може да дојде само однадвор, додека зборот во себе не содржи цврста вистина, ами е ограничен само на прашањето што е вистината. Вистинити сме само ако се сомневаме во вистината. Ние луѓето немаме вистина, туку само трагаме по вистината. Кога зборуваме за епоха на пост-вистина, сакам да запрашам дали имало епоха на пред-вистина, или во која епоха имало приоритет на вистината. Нема да најдете такви во историјата на човештвото. Постојано правиме бриколаж на нашето знаење, често и без факти. Утре тие факти што ги велиме денес, ќе ги оспоруваме. Тогаш што е вистината ако не е нешто што никогаш не можеме да го допреме – рече лауреатот Мирча Картареску на тркалезната маса што на тема „Литературата во време на пост-вистината“ се одржа во Europe House Skopje, во рамките на 9. издание на фестивалот „Про-За Балкан“.

Тој дополни дека темата го допира најважниот филозофски проблем кој ние луѓето го имаме, а тоа е што е вистина, што е реалност, која е врската меѓу реалноста и вистината.

Тркалезната маса ја отвори основачот на фестивалот Дејан Трајкоски, а гостите ги поздрави заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија, Џулијан Васало, кој рече дека темата е истовремено е литературна и политичка, особено во ова време кога сме изложени на огромен број информации, но и дезинформации.

-За мене е привилегија што сум во друштво на писатели чија слава излегува и надвор од регионот. Овој фестивал ја слави литературата, има обединувачка и трансформативна сила. Преку книгите учиме, се препуштаме на фантазијата, учиме за другите и за себеси. Исто така повторно ги проценуваме нашите уверувања и свесни сме дека нашите желби се повеќе универзални. Тука е и културолошката размена, што е суштината на европската идеја, разноликоста во културата, јазиците, размислувањата се нашата најголема вредност. Тоа е извор на синергија. Визијата на романописците од крајот на 19 и почетокот на 20 век (како Виктор Иго или Херман Хесе), уште пред да биде замислена ЕУ придонесе значително за постоење на концептот на ЕУ. Тие не само што ги воспоставија своите културолошки надежи во Европа, но најдоа начин да го донесат европското чувство на заедништво. И на тоа сè уште се работи. Овој фестивал се гради на таа основа, ги обединува на едно место авторите и ја ја подобрува интелектуалната размена – рече Васало.

На тркалезната маса учествуваа сите гости на фестивалот – писатели, како и литературни агенти, уредници кои се дел од програмата „Скопје фелоушип“.

На прашањето на модераторот Владимир Јанковски по каква вистина трага во нејзиното писмо наспроти животната вистина, домашната писателка Оливера Ќорвезироска рече дека вистината во литературата не ѝ е некоја неопходност, ја гледа како квасец, како маја за нешто што подоцна го прави. Смета дека пишувањето е како калемење на факти на литературата или обратно.

По однос на врската меѓу вистината и кажувањето фини приказни наспроти непријатни приказни, хрватскиот писател, сценарист и колумнист Анте Томиќ, даде пример со актуелните настани на поделеноста на ваксери и антиваксери.

– Дали луѓето сакаат да веруваат во пријатна лага – не сум сигурен. Некогаш луѓето сакаат да веруваат во непријатни лаги. Не знам дали го имам вистинскиот одговор, но ми се чини дека луѓето сакаат да веруваат во намерна лага. Имате една теорија на заговор која е слична на религија. Верувате дека некоја невидлива сила направила вирус и некој тоа го менаџира и ги надгледува нашите животи. Во религијата тоа е Господ, а овде го имате Бил Гејтс, кој во теоријата на заговорот е супермоќно битие кое нè надгледува. Мислам дека е атрактивно да се верува во такви теории на заговор, затоа што му дава смисла на хаосот и некаков ред – рече Томиќ.

На темата за вакцините се надоврза и Миљенко Јерговиќ:

-Морам да признаам дека малку сум сензитивен на ова време на пост-вистина. Ни се случува инфантилна неволја на денешното општество. Присилени сме да дебатираме за нешто за кое е бесмислено да се дебатира. За тоа дали постоела гравитација или не. А тие дебати во ова време на пост-вистина се токму такви, дебатираме за тоа дали каменот е тврд. Затоа таа пост-вистина е вознемирувачка особено во литературата. Како да сме во лудница. А лудилото не е како на филм, ами е многу досадно. Еднакво досадно како најдосадните хорори на сталинизмот.

Романската авторка на поезија и проза, како и книги за деца, Јоана Николае рече дека литературата е токму местото во кое таа ја симнува својата маска, каде што е најслободна и каде живее и токму и затоа пишува за деца.

-Идеологијата е најлошото нешто за литературата. Во литературата нема место за идеологија – дополни таа.

На прашањето на Јанковски кон српскиот поет, есеист, литературен критичар, издавач Гојко Божовиќ како е да се биде поет и издавач во една денешна атмосфера на естрадизација, тој одговори:

-Денеска сме сведоци на постоењето на т.н. таблоиден човек кој не верува во никаков авторитет, ниту во научни факти, апатичен е и често одбива било каков дијалог. На политичко поле е многу збунет, а во економска смисла е егоистичен потрошувач. Идеолошки гледано, тоа е еден популист, најчесто радикален и особено во големите градови гледаме многу вакви примери.

Трибината ја заокружија литературните агенти и издавачи Диана Матулиќ и Андреј Хочевар.

Матулиќ истакна дека темата за естрадизацијата во литературата не треба да се гледа негативно.

-Не постои издавач или агент кој би одбил социјални медиуми или писател што се обидува да промовира свое дело на социјалните медиуми. Најважно е што има во книгите, а социјалните медиуми, платформите, фестивалите се медиум за да се стигне до нив. Мислам дека литературата е една од активностите што вклучуваат многу повеќе вистина од оваа конкретна реалност што ја живееме – рече Матулиќ.

Според Хочевар, литературата секогаш е место за вистината, но се чини дека тоа не е единстеното место на вистината.

-Се чини дека литературата е секогаш вистината, но во исто време секогаш не успева во својот обид да ја пренесе вистината. Секое пишување има своја вистина – вели Хочавар.

На вториот фестивалски ден во Кинотеката беше прикажан филмот „Устав на Република Хрватска“, по сценарио на Анте Томиќ, а за филмот зборуваа заедно со Јерговиќ и Прокопиев.

Поддржувачи на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ се: „Традуки“, Министерството за култура, Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Град Скопjе, амбасадата на Романија, Спона, Кинотека. Организатор на фестивалот е издавачката куќа „Прозарт медиа“.

 

Website https://animepahe.cc: Watch KonoSuba: God's Blessing on This Wonderful World!: God's blessing on this wonderful Choker! animepahe Episode Full online anime

KissAnime: Akagami no Shirayuki-hime: Nandemonai Takaramono, Kono Page anime episode Full online free at https://kissanime.mx kissanime legend of korra

Website https://animebee.to: Watch The Tale of the Princess Kaguya (Dub) animebee Episode Full anime streaming

ANIMEFLIX: Tales of Symphonia The Animation: Sekai Tougou-hen anime episode 3 online free at https://animeflix.nl animeflix spirited away

Note: https://note.com/kissanimemx

Beatstars: https://www.beatstars.com/animefreakws/about