February 24, 2019 04:40
Македонија

Три нови случаи на морбили во Скопје

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се хоспитализирани уште две деца и еден возрасен со симптоми на морбили, информираат од Министерството за здравство, а со новите три случаи во моментот има 26 хоспитализирани пациенти од морбили.

Најмладиот пациент е бебе од 8 месеци, а највозрасната пациентка има 43 години од Скопје и е мајка на едно од заболените деца.

Сите новопримени пациенти имаат клиничка слика на заболени од морбили или мали сипаници, додаваат од Министерството за здравство.

Како што посочија од Министерството, досега во сите вакцинални пунктови во Скопје вакцинирани се 2.008 лица, а само денеска до 13 часот МРП-вакцината ја примиле 104 деца.

Related posts

„Поштенска банка“кодно име за нова истрага на СЈО, осомничени девет лица

24info

Мицковски: Нема да прифатиме промена на Устав

24news

Помалку патници во градскиот и меѓународниот превоз, повеќе во приградскиот и меѓуградскиот

24news