July 29, 2021 07:36
Балкан

Три нови случаи на коронавирус во Словенија

Во последните 24 часа се потврдени три нови случаи на коронавирус во Словенија, а не се регистрирани нови смртни случаи, објави владата на Твитер.

Пријавени се два нови случаи во Нова Горица, град на границата со Италија и еден во Јесенице на северозапад. Вкупниот број на регистрирани случаи на коронавирус од почетокот на епидемијата се зголеми на 1.495, додека бројот на починати е 109.

Досега се тестирани 87.386 лица, а кај 1.495 од нив е потврдена инфекцијата. Само 6 лица се лекуваат во болницата од Ковид-19, 1.364 оздравеле, а кај 22 лица е активен вирусот. с

Како дел од олеснувањето на досегашните ограничувања, Словенија во понеделник ќе ја отвори границата со Италија, а по три месеци ќе се отворат и премините на границата со Хрватска.

Исто така, од понеделник, повторно се дозволени собири до 500 луѓе на јавни места, што отвора простор за одржување на спортски настани со помалку публика

AnimeDao animedao haikyuu to the top: Watch SK8 the Infinity (Dub) Episode 5

KissAnime konosuba movie kissanime: Watch Jujutsu Kaisen (TV) Recap Episode Full