October 26, 2020 16:19
Свет

Три земји од ЕУ бараат економска помош за Белорусија

Претседателите на Литванија, Полска и Романија ќе побараат од Европската унија на самитот во текот на неделава да одобри пакет за поддршка на Белорусија, соопшти денеска литванскиот претседател.

Предложениот пакет би вклучувал поволен трговски режим со Европската унија, безвизно патување и поддршка во преговорите за влез во Светската трговска организација (ВТО), рече литванскиот претседател.

Во посебна изјава на тројцата претседатели, пакетот е наречен „предлог за помош на демократска Белорусија“.

Финансиската помош за реформите и помошта во диверзификацијата на енергетскиот сектор и преминот кон либерална економија, исто така, ќе биде дел од пакетот за поддршка.

Полска сака Европската унија да и понуди на Белорусија финансиска помош од најмалку милијарда евра, како дел од планот за обнова на земјата, рече во четвртокот полскиот премиер Матеуш Моравиецки.