December 1, 2021 14:22
Спорт

Три децении по трагедијата во Хилсборо на англиските стадиони се враќаат секторите за стоење

Од следната сезона на дел од стадионите во англиската прва и втора фудбалска лига ќе бидат дозволени места за стоење за навивачите во рамки на пилот-проект на британската Управа за безбедноост на спортските борилишта (SGSA).

Министерството за спорт соопшти дека за реализација на пилот проектот ќе биде неопходна соработка со клубовите и навивачите, со цел да се воведат безбедни места за стоење на трибините.

– Независното истражување е завршено, капацитетот на исполнетост на стадионите се зголемува ширум земјата и сега е вистинското време да напредуваме, изјави британскиот министер за спорт Најџел Хадлстон.

Британската Влада од безбедносни причини од сезоната 1993/94 воведе задолжително седење на трибините, по несреќата на стадионот „Хилсборо” во 1989 година во која загинаа 97 луѓе.