October 21, 2020 04:13
Култура

Три детски филмови во рамки на 19. Меѓународен фестивал на европски филм „Синедејс”

Во рамки на 19. Меѓународен фестивал на европски филм – „Синедејс”, денеска во дворот на Домот на културата во Кисела Вода, во Расадник, на големо платно за децата, бесплатно ќе се емитуваат три детски филмови, од кои два цртани и еден игран филм.

Како што соопшти Општина Кисела Вода, со почеток од 11 часот е цртаниот филм „Момчето фантом”, а од 13 часот е „Неверојатна приказна на џиновската крушка”. Најпознатиот игран филм „Пинокио” ќе започне во 19 часот.

Меѓународниот фестивал се одржува со поддршка од Министерството за култура, Агенцијата за филм и Градот Скопје.