December 6, 2019 11:13
Спорт

Три гола за трета победа на Ливерпул

Актуелниот европски фудбалски првак Ливерпул сигурно стартуваше во англиската Премиерлига. Во третиот настап, со три гола против Арсернал (3:1) ја прокнижи третата победа и е единствениот тим со максимален скор во новата сезона. На „Енфилд“ во дербито на колото од Премиерлигата Ливерпул немаше тешка задача против Арсенал, чиј отпор го скрши во 41. минута, кога Матип со глава ја затресе мрежата на Лено.

Во вториот дел на сцена стапи Салах кој со два погодока го реши победникот по само еден час игра. Најпрво од пенал во 49. минута зголеми на 2:0, а својот трет гол сезонава го постигна во 59. минута за убедливи 3:0. Арсенал намали во финишот преку Лукас Тореира за конечни 3:1.

Нови вести

Удинезе е петти клуб во Европа по бројот на странски фудбалери

Igor

Реал ќе го рекламира туризмот во Турција за надомест од 12 милиони евра годишно

Igor

Србија преку Словенија го продолжи престојот на СП во Јапонија

Igor