Спорт

Тричковски избран за најдобар фудбалер во Кипар

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Иван Тричковски беше прогласен за најдобар фудбалер во Кипар за актуелната сезона, по гласањето на фудбалските тренери во елитната лига во земјата.

Популарниот Тричко имаше одлична сезона во дресот на АЕК Ларнака откако реализираше 24 гола на 39 натпревари.

Офанзивниот фудбалер играше и во групната фаза од Лига Европа, откако во второто по квалитет фудбалско клупско натпреварување на Стариот континент забележа шест голови и шест асистенции.

Македонскиот репрезентативец во моментов е повреден и најверојатно нема да настапи во квалификациите за Европското првенство против Полска и Австрија во јуни .

Нови вести

Липи се враќа на селекторското место во Кина четири месеци по оставката

Igor

Познати полуфиналистите на Свесткото хокеарско првенство

Igor

Брејк на Торонто во петтиот дуел од финалната серија со Милвоки

Igor