November 11, 2019 12:33
Спорт

Тричковски го зголеми водството на листата на стрелци во Кипар

 Македонскиот репрезентативен фудбалер, Иван Тричковски, со голот кој го постигна денеска против Докса, се зацврсти на првото место на листата на стрелци во кипарскиот шампионат.

Тричковски сезонава во кипарското првенство има постигнато 10 гола, три повеќе од Шпанецот Рајо кој игра за Анортозис.

Македонецот денеска играше 69 минути, а голот го даде во 14 минута за водство на АЕК од 1:0. Тимот од Ларнака славеше со 2:1, а за АЕК цел меч играше Даниел Мојсов. Член на Докса е Душко Трајчевски, но не влезе во игра.

Нови вести

Германската фудбалска репрезентација со нов дизајн на дресовите

Igor

Во БиХ се апсат судии поради местење на натпреаври

Igor

Гедбан и Дибиров меѓу најдобрите во колото од ЛШ

Igor