December 7, 2021 03:12
Спорт

Тричковки го дели уште еден чекор да биде играчот кој постигнувал голови во низа на најмногу натпреаври во Кипар

Капитенот на кипарскиот тим АЕК Ларнака, донеодамнешниот македонски фудбалски репрезентативец Иван Тричковски на гостинскиот натпревар против  Анортозис кој го добија со 1-2 се запиша во листата на стрелците со прецизно изведен удар од единаесет метри. Ова беше вкупно осми гол за Македонецот сезонава, кој седум натпреаври во низа ја тресе противничката мрежа.

Како што пресметаа кипарските медиуми Тричковски има серија од осум меча во низа со даден гол, почнувајќи од последното коло во минатата сезона,покрај седумте во оваа нова сезона. Потребен му е уште еден гол на следниот меч за дастане апсолутниот рекорд со најдолга серија на постигнати голови во кипарскиот шампионат. Во Кипар серија од постигнати голови на осум последователни натпреаври имаат Рауфман, Васконсело и Паисао, на кои им се придружи и Тричковски.

Доколку Тричковски и во следното коло се запише во листата на стрелците кога неговиот тим игра против последнопласираниот состав на Етникос Ахна, ќе биде со најдолга низа на натпреаври на кои постигнувал голови.

Тричковски неодамна доби признание од клубот АЕК Ларнака за 200. одиграни меча. Тој е еден од најзаслужните играчи што АЕК Ларнака е лидер во кипарскиот шампионат со 17 бода, пред Аполон кој има 13 бода.