January 27, 2020 16:53
Економија Македонија

Трипуновски: Во Платежната агенција има некомпетентни луѓе на работни позиции

Интегрален текст од изјава на Цветан Трипуновски – дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

„Денеска сум во платежната агенција на барање на еден земјоделец кој што дојде до мене во Министерството и побара помош. Се работи за предмет кој што од 2018 година тапка во место и овој загрижен земјоделец од општина Арачиново, инаку се работи за Зејнула Сулејмани кој што две години го чека одговорот за своите редовно заслужени субвенции.

Јас во разговор со него одлучив директно да дојдам во Платежната агенција и да се информирам лично од прва рака за целата ситуација, односно зошто на овој човек не му се исплаќаат субвенциите.

Од документацијата која што ми ја достави господинот Зејнула јас увидов дека тој две години се обидува и неколку пати бара да му се даде конечен одговор од агенцијата дали му се одобруваат или не му се одобруваат овие субвенции.

Според мене во оваа институција работат многу вредни и чесни луѓе, меѓутоа проблемот јас го лоцирам во менаџерскиот тим кој што ја води оваа институција. Не само Платежната агенција, туку и министерството.

Ова е само еден доказ дека она што го зборуваме изминатите години дека имаме некомпетентни луѓе на работни позиции во институциите доаѓа на дело. Ова е еден доказ дека институциите работат споро по налог на овие менаџери.

Овој човек си ги чека редовно заслужените субвенции, одговор дури и да му се каже дека не му следуваат со објаснети причини, па понатаму истиот нека ги бара во судските инстанции да види дали навистина е во право или можеби институцијата е крива.

Јас само сакам да потенцирам дека како денеска така и наредните денови, до 12 април постојано ќе бидам помеѓу земјоделците и ќе помогнам за вакви и било други ситуации кои што ќе излегуваат како нус појави во изминатиот период, затоа што мојата улога ќе ја одиграм како што треба а тоа ќе биде во интерес на земјоделците и на сите граѓани во Република Македонија.“

Нови вести

Стаменковска-Стојковски обвини за неправилности при вработувања во државниот и јавниот сектор

Filip

ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни, издавањето лиценци за производство на канабис за медицински цели е согласно законот кој тие го донесоа

Filip

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски прават сè за предметите на СЈО да не добијат правен епилог

Igor