Спорт

Трипл-дабл на Јокиќ во поразот против Бостон, осум тројки на Богдановиќ

Сан Антонио го победи Далас со 119:117 во најинтересниот меч одигран ноќеска во НБА лигата. ДеРозен беше херојот на Спарси, откако погоди шут за победа на 0,5 секунди до крајот. За Сан Антонио ова беше прва победа против Далас по пет порази во низа, но што е уште поважно, успеаа да ја избегнат првата „метла“ во историјата, односно малку фалеше да се случеше да немаат ниту една победа против локалниот ривал во една сезона.

Дерозан со 33 поени беше најефикасен на мечот, додека Порзингис заврши со 31 поен, а Дончиќ постигна 29 за Далас.

Портланд Трејл Блејзерс беа поразени од Мајами Хит со 98:107, предводени од Адебајо со 22 поени, додека Батлер постигна 20. Меколум и Пауел постигнаа по 17 поени за Блејзерс. Откако пропушти натпревари поради повреда, босанскиот кошаркар Јусуф Нуркиќ се врати на паркетот и одигра нешто повеќе од 22 минути за Портланд, а во тој период постигна шест поени, девет скока и четири асистенции.

Милвоки Бакс му нанесоа тежок пораз на Орландо Меџик 124:87. Мидлтон постигна 21 поен, а негов најблизок придружник беше Портис со 16 поени. Кај Орландо, Бамба беше најефикасен со 21 постигнати поени.

Денвер со пораз од Бостон селтикс (87:105) ја прекина низата од 8 победи, благодарение на фантстичната серија на гостите од 31:3, иако Нагетси водеа цели три четвртини. Јокиќ постигна трипл дабл со 17 поени, 11 асистенциии десет скока, а Џејсон Тејтум беше најдобар со 28 поени.

Атланта хокс го победи Шарлот хорнетс со 105-101 во првиот меч од НБА лигата која се играше вечерва, а средбата мина во знак на тројкашкото шоу на Богдан Богдановиќ, и спектакуларното забивање на Мајлс Бриџис преку еден од најдобрите дефанзивци во лигата, Клинт Капела.

Српскиот бек Богдановиќ ги изрешета Стршените, постигна 32 поени, и за првпат откако е во НБА, погоди осум тројки на еден меч, па беше творец на триумфот на Јастребите. На Хорнетс за утеха им останува можеби најатрактивното забивање сезонава:

https://twitter.com/NBA/status/1381326527175004164?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1381326527175004164%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmanija.mk%2Fbogdan-se-raspuka-so-lichen-rekord-od-osum-trojki-igrach-na-sharlot-imashe-zabivane-na-sezonata-video%2F

резултати
Шарлот Хорнетс – Атланта Хокс 101:105
Денвер Нагетс – Бостон Селтикс 87:105
Кливленд Кавалирс – Њу Орлеанс Пеликанс 109:116
Орландо Меџик – Милвоки Бакс 87: 124
Далас Маверикс – Сан Антонио Спарс 117:119
Мемфис Гризлис – Индијана Пејсерс 125:132
Минесота Тимервулфс – Чикаго Булс 121:117
Њујорк Никс – Торонто Репторс 102:96
Лос Анџелес Клиперс – Детроит Пистонс 131:124
Портланд Трејл Блејзерс – Мајами Хит 98 :107

AnimeHeaven animeheaven boruto: One Piece (Dub) (https://animeheaven.pro/m/zDN) Episode 693

WCOStream animes online: DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 24