Спорт

Трипл-дабл за историја на Дончиќ, одлични и Јокиќ и Богдановиќ

Екипата на Далас триумфираше синоќа во НБА лигата над Вашингтон со 125:124, предводена од расположениот Лука Дончиќ кој уфрли 31 поени, додавајќи и 12 скокови и рекордни 20 асистенции во кариерата

Словенечкиот кошаркар со тоа им се приклучи на Оскар Робертсон, Меџик Џонсон и Расел Вестбрук како четвртиот кошаркар во историјата на НБА со трипл-дабл ефект на еден натпревар од + 30 поени, 20 асистенции и 10 скокови.

За Вашингтон, Вестбрук имаше 42 поени, 10 скока и девет асистенции, а мечот го реши Доријан Фини Смит со тројка на девет секунди пред крајот на мечот на асистенција на Словенецот.

Во ноќта во која блескаа кошаркарите од поранешна Југославија, Србинот Никола Јокиќ даде 30 поени и 14 скока за триумф со 110-104 против ЛА Клиперс, додека Хрватот Бојан Богдановиќ погоди шест тројки за да реализира вкупно 34 поени и да ја одведе Јута до триумф над Торонто со 106-102 и „џезерите“ да останат на првото место на Западот.

Од друга страна, неславен рекорд постави екипата на Оклахома, која загуби од Индијана со 152:95, претрпувајќи го највисокиот пораз на домашен терен во клупската историја.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу саботата и недела:

Шарлот – Детроит 107:94

Хјустон – Голден Стејт 87:113

Атланта – Чикаго 108:97

Кливленд – Мајами 107:124

Орландо – Мемфис 112:111

Минесота – Њу Орлеанс 134:140 (по продолжение)

Оклахома – Индијана 95:152

Далас – Вашингтон 125:124

Јута – Торонто 106 :102

ЛА Клиперс – Денвер 104:110.

AnimeTV top anime tv: Watch JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable Episode 31

KissAnime kissanime gogoanime: The Quintessential Quintuplets 2 (https://kissanimeonline.com/m/8qro) Episode 12