June 18, 2019 07:37
Балкан

Тринаесет членки на ЕУ бараат забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан

Тринаесет земји-членки на ЕУ побараа забрзување на процесот на евроинтеграција на земјите од Западен Балкан, а пред сè отворањето на претпристапните преговори со Северна Македонија и Албанија во јуни оваа година, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека барањето го испратиле Австрија, Бугарија, Естонија, Италија, Летонија, Литванија, Малта, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија, Хрватска и Чешка.

Во заедничката изјава се истакна важноста на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, како клучен инструмент за постигнување одржлива стабилност, мир и просперитет.

Тринаесетте држави ги повикуваат сите членки на ЕУ уште овој месец да преземат „далекусежни и храбри одлуки” за да го промовираат континуираниот напредок на реформите, во согласност со стандардите и вредностите на ЕУ.

Нови вести

Мајка ѝ ги пресекла вените на ќерката, па ја фрлила низ балкон – детали за несреќата во Србија

24news

ВИДЕО: Силни турбуленции во авион при лет Приштина-Базел, повредени десетмина

Filip

Рама најави тужба за новинарот на „Билд”,тој му возврати да научи што е независно обвинителство и функционален суд

Filip