March 22, 2019 01:47
Хроника

Тринаесетгодишно момче прободено со остар предмет

Тринаесетгодишно момче од Скопје вчера физички било нападнато од 14-годишник при што се здобил со убодна рана од остар предмет.

Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Гоце Стојчевски” во Скопје, 14-годишник од Скопје физички нападнал 13-годишно момче, исто така, од Скопје, при што со остар предмет му нанел убодна рана.

Повредениот малолетник бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски”, каде му била укажана лекарка помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Нови вести

Девојка го пријавила поранешниот дечко – физички ја нападнал, па ја однел кај него дома

Filip

Скопјанец се обидел да ја удри мајка си со секира

Filip

Му дал 62.000 денари за набавка на лекови од Бугарија, набавувачот исчезнал

Filip