January 23, 2021 17:53
Македонија

Трета седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК

Денеска, во Центарот за управување со кризи, (понеделник, 23.11.2020 година), се одржа седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, сега во редуциран состав, којшто е оперативно стручно тело што раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации.

Со седницата на Главниот штаб раководеше, в.д., директорот на Центарот, Стојанче Ангелов, а присуствуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи назначени согласно и Законот за управување со кризи. Се утврдија силите и средствата со коишто Армијата ќе дава поддршка на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за здравство, согласно Акцискиот план и Законот за управување со кризи. Тоа е во контекст на потребата за учество на дел од Армијата, согласно Стратегискиот одбранбен преглед, а што се остварува на предлог на Управувачкиот комитет по работата на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, што, пак, е континуитет на процената на Групата за процена. Притоа, на седницата во ЦУК, конкретно се изврши определување на видот и број на силите и капацитетите на армиските единици, намена и задачи за коишто се бараат, а и времетраење на конкретни активности и ангажмани на армиската единица.

Инаку, обемниот и содржаен, Акциски план што го изготви Центарот за управување со кризи, е во директна насока за превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19″ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2″ и има и преглед за расположивите човечки и материјално технички ресурси и план за координирано дејствување.

Целта е превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19″ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2″, заштита на здравјето и животот на населението преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационалнио и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси.  Секако, со Акцискиот план, беа утврдени и активностите на институциите за наредниот период.

Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а  работи  и за зајакнување на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК и со надворешни соработници од невладиниот сектор.

Jujutsu Kaisen (TV) Episode 14 at website https://kissanimeonline.com. See more kissanime pokemon

Watch Kaguya-sama: Love is War Episode 6 at AnimePlanet anime planet one piece