April 7, 2020 18:15
Македонија

Трета жртва на коронавирусот: Почина дебранката која беше на респиратор

Дебранката(66) која подолг период беше на респираторна машина почин пред неколку часа, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

-Денеска имаме уште една почината пациентка заболена од коронавирусот, пациенктка која подолго време беше на респираторна машина. Пациентката беше од Дебар и таа и покрај сите напори на лекарите, медицинските сестри и интензивната тепарија за жал почина денеска, пред неколку часа. Во историјата имала податок дека прима хронична терапија за хипертензија, рече Филипче.

Таа и нејзиниот сопруг беа дијагностицирани позитивни на коронавирус на 6 март. Тие во земјава допатувале од Италија.

Напрвени се контролни тестови на четворица пацијенти од Инфективна клиника, кои се негативни, а на тројца им е добра здравствена состојбата, па утре ќе се повторат тестовите. Ако и тие бидат негативни ќе може да се каже дека се извлекувани и ќе бидат пуштени дома.

Петмина од новозаразените скопјни се вработени на Кожната клиника, кои беа во самоизолација, а чии тестови по 14 ден покажаа позитивен резултат. Тие се останати дома, каде ќе се лекуваат.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица.

Поврзани вести

Починаа четири нови пациенти заболени од коронавирусот

Igor

Од среда полициски час во цела држава од 16 до 5 часот

Igor

Уште тројца починати од коронавирус, двајца во Тетово, еден во Кочани

Igor