October 26, 2021 02:20
Балкан

Трета доза од вакцината ќе примат околу 285.000 граѓани со хронични болести во Грција

Од денеска е отворена платформата за закажување термин за вакцинација со трета доза за одредени категории граѓани во Грција кои имаат хронични болести, а станува збор за околу 285.000 лица. Како што соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистиклеус, граѓаните кои припаѓаат на конкретната категорија ќе добијат смс порака со потсетување дека ќе треба да закажат термин за третата доза.

Кон крајот на август годинава Комисијата за вакцинација даде зелено светло за трета доза со мРНА вакцина за: лица кои имале трансплантации на срж или матични клетки, лица кои се на листата за трансплантација, лица со бубрежна инсуфициенција подложени на дијализа, пациенти со рак кои примаат хемотерапија, пациенти со автоимуни заболувања и лица со ХИВ.

Според претседателката на Комисијата за имунизација во грчкото Министерство за здравство Мариа Теодориду, се разгледуваат и категориите што ќе следат за трета доза од вакцината, а тоа ќе бидат лицата згрижени во домовите за стари лица како и граѓаните над 60-годишна возраст.

Овој предлог, според Теодориду е во последната фаза на разгледување.

Во Грција досега се аплицирани 11.525.000 дози од вакцината, над 6.145.000 граѓани се вакцинирани со една доза, односно 58,5 отсто од општото и 67,6 проценти од полнолетното население.

​Целосно имунизирани се 5.780.000 лица, што е 55 проценти од општата и 64,2 отсто од полнолетната популација.

Keroppi in The Adventures of Gulliver (Dub) (https://aniwatch.pro/m/8ooz) Episode Full

Watch Robby the Rascal Episode 3

Anime Twist - Watch anime online, English anime onlineAnime Twist - HD anime for free | TwistMoe

4Anime: I My Me! Strawberry Eggs (Dub) anime episode 13 online free at https://4anime.biz 4anime

App roll20: https://app.roll20.net/users/9256412/animefreak

Roomstyler: https://roomstyler.com/users/animeflixnl