Македонија

Тренчевска со директорите на Центрите за социјална работа: Граѓанинот е на прво место

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари средба со директорите на Центрите за социјална работа на ниво на држава, на која се разговараше за потребите и предизвиците со кои тие се соочуваат и нивното понатамошно успешно решавање и надминување.

На средбата се разговараше на повеќе теми кои се опфатени во делокругот на работењето на Центрите за социјална работа. Старателството, интегрирано водење на случај и неговата имплементација, подготвеноста на Дневните центри за лица со попреченост во време на пандемија , како и интегрирање на социјалните случаи како активни учесници во пазарот на трудот.

“Граѓаните се на прво место и достапноста и ефикасноста од страна на стручните лица се особено значајни  во испораката на услугите и правата кон граѓаните.  Центрите за социјална работа се најважната алатка во функционирањето на системот за социјална заштита,” истакна Тренчевска.

Таа посочи дека целта не е само влез на граѓаните во системот на социјална заштита, туку нивно интегрирање  како активни учесници на пазарот на трудот и нивно извлекување од сиромаштија. На тој начин покрај тоа што го намалуваме бројот на корисници на социјална помош, им помагаме на овие лица активно да се вклучат во општеството и самостојно да функционираат. Заеднички беше заклучокот дека соработката и поддршката продолжува и понатаму за да се создаде општество кое се грижи за оние на кои им е тоа потребно, со акцент на најранливите категории на граѓани.

На средбата се разговараше и за функционирањето на шелтер центрите, состојбата со семејното насилство изминатиов период и згрижувачките семејства. Заеднички беше заклучокот дека соработката и поддршката продолжува и понатаму за да се создаде општество кое се грижи за оние на кои им е тоа потребно, со акцент на најранливите категории на граѓани.

4anime tv. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

4Anime My Hero Academia

4Anime Attack on Titan Final Season Part 2 Episode 2

4 anime biz To Your Eternity

4Anime 6 LOVERS Episode 3

4anime. biz My Hero Academia Season 2