June 25, 2022 23:06
Македонија

Тренчевска: Почитување на правата на децата, вложувањата за подобрување на системот на детска заштита и раниот детски развој и грижа се наши врвни приоритети

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на работилницата за јакнење на капацитетите на релевантните институции за воспоставување на инструмент по мерка за следење на имплементацијата на правата на децата во рамки на ИПА проектот „ЕУ за владеење на правото”.

Министерката изрази  благодарност до Европската Унија која финансирањето на овој проект го поддржа во рамки на Инструментот за претпристапна помош од ИПА II Годишната акциска програма за 2020.

Проектот претставува значаен придонес во зајакнување на меѓу-институционалната соработка по однос на фундаменталните права кои се клучни за развој и раст на општество со еднакви можности за секој граѓанин, а пред се за децата.

Таа во своето обраќање истакна дека политиките за почитување на правата на децата, вложувањата за подобрување на системот на детска заштита и раниот детски развој и грижа се врвни приоритети на Владата на Република Северна Македонија во периодот до 2024 година.​

„Потврда за вложувањата во капитални инвестиции се отворените 69 објекти на детски градинки од 2017 година до денес и зголемен дополнителен опфат на околу 4.300 деца. До крајот на 2022 година, предвидено е отворање на нови 13 објекти на детски градинки со вкупен дополнителен капацитет за 1.360 деца. А 15 градинки кои се во тек на изградба или адаптација и опремување,  се  планирани да се отворат во 2023 година со вкупен дополнителен капацитет за 1.905 деца. За информација, од почетокот на 2022 година, Влада и Министерството издадоа 8 решенија за отворање на нови детски градинки,”рече Тренчевска.

Министерката посочи дека покрај капиталните инвестиции, Министерството инвестира и  во предучилишното згрижување и воспитание преку зајакнување на компетенциите на стручниот кадар во нив.

„Поаѓајќи од принципот на најдобар интерес на детето, а во насока на превенција и рана интервенција, политиките на министертвото се насочени кон напуштање на праксата на сместување на деца во установа и нивно понатамошно „институционализирање”. За таа цел беа воспоставени вкупно 20 нови групни домови за деца ширум земјата: Скопје (12), Битола (5), Неготино (2) и Штип (1), во кои се обезбедува 24 часовна грижа за вкупно 87 деца, вклучувајќи 15 деца со попреченост. Вработените лица во групните домови, а кои дел од нив беа претходно вработени во резиденцијалните институции и дел нововработени лица, беа соодветно обучени за новиот начин на грижа. Повеќе од 60 деца кои беа поранешни корисници на резиденцијалните институции во изминатиот период беа сместени во згрижувачки семејства, додека мал број деца беа посвоени или вратени во нивните биолошки семејства,” рече Тренчевска.

Во процесот на трансформација на институциите, а со цел зајкнување на на капацитетите на згрижувачките семејтва во Република Северна Македонија се отворија и функционираат 3 центри за поддршка на згрижувачки семејства за деца без родители и родителска грижа. Целта е поддршка и насочување на згрижувачките семејства при обезбедување грижа каква што му е потребна на детето сместено кај нив, а е најблиска на семејната средина.

Таа се осврна на раната интервенција која е од огромно значење за понатамошен развој на децата со попречености. Министерството заедно со Министерството за здравство спроведуваат активности за воспоставување систем за рана интервенција од 0-5 годишна возраст. А во тек е и изработка на Регистер за лица со попречености, кој ќе обезбеди точна евиденција на лицата со попречености, вклучувајќи ги и децата со попречености.

„Спроведувањето на овој проект, значително ќе придонесе за подобрување на состојбата во областа за унапредување на правата на децата. Министерството за труд и социјална политика и понатаму ќе обезбедува поддршка во имплементација на вакви проекти кои директно допринесуваат во реализација на кредибилни политики и програми,”порача Тренчевска.

go88 lmhmod

sunwin bản chính thức link tải sunwin ios pm hack sunwin