June 25, 2022 20:26
Македонија

Тренчевска: Потпишани измените и дополнувањето на Колективниот договор со кој се регулира исплатата на плати за време на штрајк

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска  и претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска потпишаа спогодба за измена и дополнување на Колективниот договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и во дејноста на одмор и рекреација на децата.

Измените и дополнувањата на Колективниот договор ја регулираат исплата на плати и  придонеси на работниците во време на штрајк.

Министерката Тренчевска посочи дека социјалниот дијалог е единствен начин за решавање на сите прашања кои ги засегаат граѓаните во нашата држава.

„Социјалниот дијалог е клучен за унапредување на работничките права за што потврдува и денешното потпишување на измените и дополнувањата на Колективниот договор. Вработените во дејноста згрижување и воспитание ќе добијат и пораст на платите за 15%,“рече Тренчевска.

На средбите помеѓу  СОНК И МТСП се договори и формирање на работна група со претставници од двете страни, кои ќе работат на новиот Колективен договор за предучилишно воспитание, со оглед дека важноста на досегашниот истекува со месец јуни. Очекувањата се дека до крајот на месец мај ќе биде подготвен новиот Колективен договор кој ќе значи унапредување на правата на вработените во дејноста згрижување и воспитание.

hack tài xỉu go88 GO88 – Game bài đổi thưởng uy tín Tải game bài đổi thưởng Go88 nhận code 100K miễn phí

tại sunwin pc