December 9, 2022 13:54
Македонија

Тренчевска на средба со претставници на Националниот совет за родова рамноправност

Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска ќе има средба со претседателката на Националниот совет за родова рамноправност Савка Тодоровска.

Средбата ќе се одржи во Националниот совет и, според најавата од МТСП, ќе се разговара за имплементација на Истанбулската конвенција, актуелната состојба со семејното  насилство, препораки и меѓусекторска соработка.