Таа посочи дека ваквата одлична реализација се должи на посветеноста на сите институции кои учествуваа во имплементацијата на планираните активности во рамките на секоја програма и мерка, а особено Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. Притоа, беа реализирани 1. 5 милијарди денари, од кои 593 милиони денари за поддршка за креирање на нови работни места.
Директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати, посочи дека позитивен поттик за невработените лица да се вклучат на пазарот на трудот претставуваат програмите и мерките кои имаат за цел стекнување и дополнување на знаењата и вештини на невработените лица заради зголемување на нивната вработливост и конкурентност. Како и дека истите се одвиваа согласно протоколите за заштита од вирусот КОВИД-19.
„Еден од приоритетите на Владата на Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика е и поддршката за вработување на лица со попреченост”, рече министерката Тренчевска, која информираше дека 157 лица со попреченост веќе имаат потпишано договори за вработување, преку активните мерки и програми на Оперативниот план.